Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор, САД, доби задача од НАСА да разработува планови за одбрана на Земјата од астероиди.

Во рамки на проектот е предвидено и современо софистицирано летало за пресретнување, првично наречено ДАРТ. Тоа ќе има единствена задача да се удри во астероидот менувајќи му ја насоката на движење пред тој да стане закана за нашата планета.

Научниците напомнуваат дека вселенско тело со пречник од само неколку километри, може да има катастрофални последици за Земјата и човештвото. – При евентуален судир со Земјата, последиците и ефектот би биле еднакви на оние по 5.000 до 10.000 водородни бомби, изјави Џејмс Гарвин од НАСА.

Своето прво тестирање ДАРТ ќе го имаа 2022 година.