Новото „ауди Q3“ се етаблира како победник веднаш откако се појави на пазарите, oсвојувајќи ја првата награда во категоријата компактни SUV / off-road возила во изборот на читателите на Best Cars 2019 од германскиот технички магазин „Аuto motor und sport“.

„Оваа награда е важна за нас бидејќи потврдува колку добро концептот на новото ‘ауди Q3’ го примаат клиентите“, вели Јенс Рикерт, продукт-менаџер на производителот, кој ја прифати наградата на церемонијата во Штутгарт: „Компактниот SUV со сигурност покажува што може да направи. Поради своето одлично меѓуоскино растојание, сега е поголем токму каде што семејствата имаат потреба од простор. Покрај тоа, сега е уште повеќе разновиден. Неговиот дигитален, интуитивен концепт на работа со инфо-забавниот систем преку дисплејот, како и неговите иновативни системи за помош, доведуваат до целосна доминација во компактниот сегмент, со што ‘ауди Q3’ претставува совршено возило за сите возачи.

Изборот на читателите за Best Cars 2019 од „Аuto motor und sport“ е едно од најважните признанија за европската автомобилска индустрија. Се одржува веќе по 43-та година по ред. 385 модели се натпреваруваа во единаесет категории.

Секој читател има право на два гласа за секоја категорија: Еден за својот омилен кандидат, нивниот севкупен победник, а другиот за најдобро увезено возило. „Ауди Q3“ се натпреваруваше против 56 конкуренти во категоријата компактни SUV / off-road возила и победи со 14,4 проценти од гласовите.
(ПР текст)