Германскиот премиум гигант BMW не само што произведува автомобили, туку е реномирано име и во светот на мотоциклите, а сега влегува и на пазарот на електрични скутери.

BMW го претстави e-scooter X2City наменет за младата и урбана публика, како идеален партнер за градскиот сообраќаен хаос. Електричниот скутер од BMW ќе може да го користат само постари од 15 години, а ќе биде потребна и возачка дозвола за мопеди.

Во срцето на BMW X2City се наоѓа мал електричен мотор кој овозможува максимална брзина до 20 km/h. По забрзување до 6 km/h, возачот може дополнително да забрзuva со помош на педалата, а има опции за брзини од 8, 12, 16, 18 и 20 km/h.

Продажбата на електричниот скутер на BMW веќе започна, а цената во Германија изнесува 2.399 евра.

Целиот текст можете да го прочитате на порталот Додај Гас