Кинеските производители веќе некое време на пазарот нудат алтернативни решенија за сместување на предната камера, кои не вклучуваат никакви засеци во екранот, а тоа се на пример лизгачките механизми и механизмот со помош на кој селфи камерата по потреба излегува од самото куќиште на мобилниот уред.
По тој пат наскоро би требало да тргне и компанијата Samsung, која за својот иден Galaxy уред би требало да го имплементира токму ова решение.
Веќе добро познатиот дојавувач Ice Universe на својот Twitter профил објави информација дека токму идниот паметен телефон Galaxy A90 ќе биде првиот паметен телефон на Samsung, кај кој селфи камерата по потреба ќе излегува од куќиштето.
Според веќе достапните гласини, за идните претставници на Galaxy A серијата се врзуваат и различните конфигурации на задната камера, па така се споменува и тројна и четирикратна задна камера.
Galaxy A90 би можел да биде замена за Galaxy A9 (2018), а се сугерира дека ќе има 6GB или 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Исто така, телефонот со моторизирана камера веројатно нема да има IP рејтинг за заштита од вода и прашина (Vivo NEX S, исто така, нема IP систем).
Why do I say that the A90 is perfect? The answer is that the Galaxy A90 will be Samsung's first pop-up front camera phone, so its screen is perfect, there is no Notch, no Hole. pic.twitter.com/j01WWtPzh8
— Ice universe (@UniverseIce) February 2, 2019