Трошоците за екстракција на еден биткоин се движат околу 4060 долари, а со оглед на тоа што еден биткоин се тргува под 3500 долари, тоа никако не изгледа добро за оние кои се занимаваат со овој бизнис.
Сепак, бидејќи има големи разлики под и над просечната цена на екстракција, секако има јасни победници и очигледно губитници, велат аналитичарите. На пример, кинеските “копачи” можат да добијат биткоин и за многу помала цена – 2400 долари за биткоин, затоа што имаат директните договори за набавка на електрична енергија од извори кои сакаат да ги продадат своите вишоци.