Netflix објави трејлер за новиот серијал „Нашата планета“ на Дејвид Атенборо, кој ќе пристигне на таа дигитална платформа на 5 април.
Документарниот филм ги истражува „вчудовидувачките, никогаш видени живеалишта”, стои во описот на трејлерот. Целта на серијалот е да ги потсети луѓето дека планетата Земја е наш дом и дека сите ние „играме за истиот тим”. Трејлерот беше премиерно прикажан за време на „Супер боул“.
Во осум епизоди, серијалот ќе ја следи флората и фауната на Арктикот, преку Африка па сè до Јужна Америка. Документарниот филм го направија креаторите на популарниот „Планетата Земја”, а беше снимен во соработка со Светскиот фонд за природа.
Инаку, Атенборо премина во Netflix по 60 години работа во BBC.
Поврзани артикли