Јапонскиот бизнис магазин Nikkei пренесува дека Nintendo работи на развивање на помала и поевтина верзија на конзолата Switch. Новата верзија на конзолата ќе биде доста попреносна и нема да ги има сите опции кои ги има и нормалната верзија.

Nintendo почна да соработува со неколку компании кои му помагаат во развивање на помала конзола, која би можела да биде во продажба, туку некогаш во текот на 2019. година.

Во соопштението, исто така, стои дека Nintendo планира да направи нов сервис за оние корисници кои се подготвени да платат повеќе за повеќе содржини.

Во магазинот Nikkei се наведуваат некои нагаѓања за тоа каква би можела да биде новата конзола Switch и претпоставуваат дека ќе се работи за помал уред, кој ќе биде полесно пренослив и кој ќе биде полесно да се користи надвор. Постојат шпекулации дека Nintendo ќе ја исклучи можноста за користење мемориски картички, и дека помалиот уред ќе се базира на префрлање содржини од интернет.

Иако во изминатите неколку години продажбата на Switch беше многу добра, оваа година продажбата падна од 20 на 17 милиони и многумина веруваат дека производството на помала верзија на Switch ќе го надомести губитокот и ќе го освежи пазарот.