Ако некогаш ви се случило погрешно да ја внесете веб-адресата, па наместо на посакуваното место, да завршите на сосема друго место, Google Chrome наскоро ќе ве предупреди кога ќе забележи сомнителен линк.

Оваа функција е во фаза на тестирање уште од објавувањето на Chrome Canary 70 минатата есен и во моментов може да се активира како експериментална во стабилната верзија на Chrome.

Прилично често интернет измамниците користат намерни грешки во куцање со обид да ги „уловат“ луѓето кои направиле грешка при впишувањето на URL адресата. Тие страници изгледаат како нормални, но се дизајнирани за да украдат лични податоци и останати информации.

Google Chrome ќе почне да прикажува панел под URL адресата со кој ќе се обиде да го предупреди корисникот. Ваквото известување ќе му даде до знаење на корисникот дека тој посетува веб-страница која можеби не сакал да ја посети, и дека таа веројатно му ја нарушува интернет безбедноста.

Во комбинација со веќе постоечките предупредувања кои Chrome ги испраќа за небезбедни локации, ова подобрување би требало да биде доволно за да ги спречи луѓето да „паѓаат“ на лесни измами.

Извор: B92.net