Од „Еуроимпекс“ ги повикуваат заинтересираните да го запознаат одблиску радикалниот нов спортски дизајн на најновиот модел во гамата на Брендот.
Почнувајќи од надворешниот дизајн, новиот Пежо 508 отвора нова ера на спортска елеганција. Со ниската каросерија, прецизно нацртани линии, мускулеста компактна фигура и силно истакнат индивидуален стил, новиот Пежо 508 поседува спортски и иновативeн дух.
Посветено е внимание на секој детаљ, заедно со силуетата и линиите на возилото кои се изработени до перфекција.
Моделот е достапен и на апликациите за закажување на тест возење и побарај понуда на веб страната на импортерот на следните линкови:
Новиот 508 е достапен во 4 изведби – Актив, Алур, ГТ-лајн и ГТ.
Mоже да се добие со 6-степен мануелен менувач во Актив ниво на опременост 1.5 Блу ХДИ 130 КС или EAT8-степен автоматски менувач кај бензинските мотори со 180 или 225 КС, и кај дизелските мотори со 130, 160 или 180 КС.
Неодоливиот Пежо 508 ГТ е достапен само со TХП турбо-бензински мотор со 225 КС, или Блу ХДИ турбодизел со 180 КС.
Од компанијата ве повикуваат да ја преземете контролата на Пежо и -Кокпит и да ја доживеете најновата интерпретација на агилна и визионерска инструмент табла со компактен управувач, дигитален хед-ап дисплеј и 10“ ХД екран на допир.
Уживајте во удобните седишта со функција за масажа и Хај-Фај Фокал систем кој дава јасен и пријатен звук и со тоа се зголемува уживањето при возење.
ПР текст
Поврзани артикли