Google својот Material Theme дизајн успешно го интегрираше и во мобилната апликација на Gmail. Ако сакате минимализам, новиот бел интерфејс би можел да ве воодушеви.
Google во април минатата година го редизајнираше Gmail за веб, а сега истиот дизајн го имплементира и во Gmail за Android и iOS. Новиот апдејт пристигнува во Gmail мобилната апликација, а додава нов Material Theme дизајн, меѓутоа без битни нови функции и подобрувања.
Ова е целосен редизајн, кој UI на Gmail го прави почист и посветол. Google во ажурирањето вклучи и неколку измени, како што е можноста за брз преглед на атачменти (прилози) без отворање или скролање низ разговорите. Исто така, благодарение на machine learning технологијата, Google им овозможува на корисниците побрзо да пишуваат мејл пораки, благодарение на Smart Compose функцијата. Истото важи и за брзото одговарање на пораките, со Smart Reply.
Новиот Material Theme дизајн во мобилната апликација на Gmail пристигнува од денеска, за Android и iOS корисниците, но веројатно ќе биде потребно некое време да стигне кај сите.
Поврзани артикли