LG го претстави 32UL750-W мониторот од 32 инли, кој има 4K Ultra HD резолуција, VESA DisplayHDR 600 сертификација и поддршка за AMD FreeSync технологија. Тука е и функцијата која овозможува конвертирање на SDR содржините во HDR, преку накнадна обработка.
Базиран на VA панел, мониторот нуди агли на гледање 178/178 степени, 4 ms (GTG) одзив, поддршка за 1,07 милијаарди бои и освежување до 60 Hz. Останатите клучни спецификации вклучуваат 3000:1 статички контраст и 400 cd/m2 максимално осветлување.
Влезоите за дисплејот пристигнуваат во вид на два HDMI 2.0 конектори, DisplayPort 1.4 и USB type-C приклучок. Доколку оваа USB конекција поседува и USB link-layer, мониторот ќе го користи за покренување на 2-port USB 3.0 (type-A) хаб. Се очекува дека цената на LG 32UL750-W моделот ќе изнесува околу 750 долари.