„Њујорк тајмс“, еден од највлијателните весници во САД и во светот, почна да претставува своја друга страна. Тоа е каталог за готвење што содржи над 19.000 рецепти за секаков вид храна.
Каталогот е дел од секцијата „NYT Cooking“ што излегува во рамките на печатеното издание, како и во дигиталната верзија на весникот.
Во изминатата година електронското издание на „NYT Cooking“ достигна 120.000 претплатници, а само во ноември и декември рецептите и советите за храна ги прочитале 25 милиони уникатни корисници (unique users).
Во кампањата се истакнува дека концептот на каталогот е да ги презентира рецептите преку вредностите на прецизно, точно и лесно разбирливо новинарско известување, што е белег за весникот.
Според Алисон Ашер, одговорниот за маркетинг во одделот „NYT Cooking“, целта на кампањата е да се допре до читателите и да им се даде одговор на едноставното прашање: Што да се зготви?
Кампањата има забавен пристап, а ќе ја сочинуваат и куси видеа што ќе се емитуваат на телевизиските мрежи во САД.
Поврзани артикли