Според новиот закон во Кина, кинеските компании ќе мора да собираат податоци од своите корисници и ќе мора да ги следат нивните онлајн активности, објави Си-ен-ен.

Новите прописи на кинеската Агенција за регулирање на интернет стапи во сила и се применува за сите компании кои нудат онлајн услуги кои може да влијаат на јавното мислење или преку кој ќе се мобилизираат граѓаните во одредени активности, пишува на веб-сајтот на интернет-управата на Кина.

Компаниите што се занимаваат со активности поврзани со интернет, ќе мора да собираат податоци од своите корисници и да следат што корисниците пишуваат на блогови или, пак, преку онлајн комуникациите, потоа на видеоплатформи и слично.

Агенцијата бара компаниите да го потврдат идентитетот на корисниците и да ги зачуваат важните информации за нив, како што се листите од повици, активности на компанијата, точното време на престојот на интернет и адреси на посетените страници.

Државните службеници ќе спроведуваат и редовни контроли за да се осигураат дека компаниите работат во согласност со новите прописи.