Во западниот дел на Нов Јужен Велс, на површина од 81 хектари, ќе се гради најголемата соларна електрана во Австралија. Инвеститори на електраната Darlington Point со моќност од 333 MW (на еднонасочна струја) и 275 MW (на наизменична струја) се компаниите Edify Energy и Octopus Investments. Вкупно 820 000 високоефикасни фотоволтаични модули ќе бидат испорачани од страна на канадскиот производител Canadian Solar. Изградбата ќе започне кон средината на годинава, а ќе заврши во 2020 година.
Поврзани артикли