Американската компанија BankMyCell им нуди на корисниците услуги за откуп на постарите модели, во соработка со партнерите како што се телекомуникациските оператори или трговци со електронски уреди. Низ нивниот систем поминуваат големи количини на половни телефони, па на основа на тоа изработија статистика за движењето на цените на најпопуларните модели. Падот на вредноста на новиот смартфон е најголем на почетокот, но постојат големи разлики помеѓу моделите.

iPhone е најисплатлив

Нивната статистика посочува дека во првата година, новиот iPhone губи во просек 23 проценти од вредноста, а по две години, овој губиток изнесува 45 отсто. Во споредба со Android моделите ова е извонреден резултат – новите флегшип уреди веќе во првата година, во просек губат 45 проценти од вредноста. За две години, пак, просечен Android флегшип станува практично безвреден, со пад на цената од дури 71 отсто. Сите податоци, секако, се однесуваат на американскиот пазар.

Кај „поевтините“ Android модели, оние со почетни цени помали од 35 долари, ситуацијата е уште понеповолна. По првата година користење, нивната вредност во просек паѓа за речиси 49 отсто, а по две години за речиси 80 проценти. За три години, Android изворно купен за 300-тина долари ќе биде можно да се продаде за само 30-тина.

Apple vs. Samsung

Во BankMyCell ги споредија и најпопуларните конкуренти на пазарот лансирани во 2018. година: iPhone XR, XS и XS Max во однос на Galaxy S10 линијата. Додека смартфоните на Аппле во првата година загубиле помеѓу 21 и 26 отсто од вредноста, цената на половните уреди на Samsung од иста класа потона на секундарниот пазар за 38 проценти, па се до над 45 отсто.

Најпродаваниот телефон во минатата година, iPhone XR заврши и како најисплатлив флегшип модел, со просечно губење на вредноста од само 21,5 отсто во првата година. Кај Samsung, најисплатлив бил Galaxy Note 8 со прочесен пад на вредноста од 35%.

Во категоријата поевтини уреди, најисплатливи се покажаа Sony Xperia L2 (-15,5%), Nokia 7.1 (-16,7%) и HTC U12+ (-18%). Листата најлоши според прашањето на откупната цена по првата година ја предводат Motorola One (-76%), Samsung Galaxy A6 (-75%) и Samsung Galaxy J3 (-69%).