Германскиот гигант Volkswagen се обидува да ја врати довербата кај потрошувачите, откако угледот на компанијата се намали по скандалот со јаглеродните емисии на нејзините дизел мотори во 2016 година.
Еден од методите за тоа е многу активно учество на Volkswagen во бизнисот со електрично полнење. Компанијата соопшти дека ќе започне со производство на сопствени батерии за е-автомобили, како и да рециклира стари.
Покрај тоа, тие ќе развијат мобилни станици за полнење, за да им олесни што е можно повеќе на возачите. Тие ќе се појават на улиците на градот Волфсбург, каде што е нивната централа, во втората половина на оваа година.
Целата иницијатива ќе го чини Volkswagen околу 800 милиони евра.
Минатиот месец компанијата претстави мобилна станица, чиј капацитет може да наполни до 15 автомобили, во просек за 17 минути. Овие станици ќе бидат произведени во фабриката во Хановер, која по 2026 година ќе се занимава само со тоа. Од 2020 година, станиците ќе бидат достапни и во други градови и крајната цел на Volkswagen e да создаде непрекинат циклус од рециклирани батерии.
Гигантот вети дека ќе отвори прва фабрика за е-автомобили во САД, како и дека ќе соработува со „Форд“ во областа на електричните автономни автомобили.
Покрај тоа што е корисна за компанијата, иницијативата за мобилните станици и батерии ќе биде добра за конкуренцијата, бидејќи досега, поголемиот дел од користените во Европа батерии се произведуваат во Азија.