Американската вселенска агенција NASA е позната по својот креативен пристап кога се во прашање авионите, а меѓу нив се и оние кои директно ги испраќа во снежните бури.

Ова се авиони што ги користи NASA за собирање податоци за времето, а оваа работа се врши како дел од мисијата IMPACTS во својот вселенски центар Годарт во Мериленд.

Некои веројатно ќе се запрашаат зошто NASA не користи сателити наместо авиони, а со тоа го елиминира ризикот за пилотите, но одговорот е јасен. Сателитите кои го следат времето веќе постојат во орбитата, но тие не можат да собираат податоци за честички или снегулки, како и информации за тоа каде се формираат во облаците.

Затоа во мисијата IMPACTS се користат два авионa опремени со научни инструменти, а првиот е ЕР-2 кој содржи инструменти слични на оние кои се дел од сателитот, но со поголема просторна резолуција, дополнителни мерни можности i почесто земање примероци. Овој авион е наменет да обезбеди „горен поглед“ на бурите, односно над облаците.

Другиот авион е P-3 Orion со сонди кои висат од неговите крила. Овие сонди ја мерат големината, обликот и дистрибуцијата на честичките од врнежите и им овозможуваат на научниците да ја проценат големината и обликот на честичките од снег во облаците, како и температурата, водената пареа и другите услови во кои тие се формираат.

NASA многу инвестира во слични авиони, но тие инвестиции се исплатат. Снежните бури се комплициран временски феномен и длабинско истражување и потребни се многу научни алатки за навистина да се разберат овие бури и подобро да се предвиди нивното пристигнување, но и да се процени штетата што често ја предизвикуваат.