Покрај Bing, во Кина се недостапни и Google, Twitter, YouTube, Facebook и други.
Пребарувачот на Microsoft, Bing наводно е најнова жртва на забраната на западните интернет платформи во Кина, пренесуваат медиумите.
Интернет страницата Bing повеќе не е достапна во Кина, заедно со Google, Twitter, YouTube, Facebook, WhatsApp и други, а кои се заклучени зад таканаречениот кинески Great Firewall.
Изворите открија за Financial Times дека Bing е забранет по налог на кинеската влада. Вториот извор, пак, истакна дека кинеската телефомуникациска компанија Unicom, ги потврдила наводите дека владата наредила забрана на Bing.
Кинеската влада со години спроведува строги контроли на интернет, цензурирајќи осетливи содржини и блокирајќи го пристапот на странските интернет страници.
Најголемиот светски пребарувач Google ја напушти Кина во 2010. година, но наводно пробува да се врати на кинескиот пазар со изработка на цензуриран пребарувач.
Интернет страниците на многуте здруженија за човечки права и новинските агенции како New York Times и Wall Street Journal исто така се забранети во Кина.