Популарната социјална мрежа Twiiter почна да испорачува веб редизајн на својот сервис, кој претходно беше навестуван, а кој презентира поедноставен изглед. Прегледот во три колони сега е заменет со поедноставен изглед со две колони. Но, покрај козметика, тука се и некои позначајни функционални измени.

За почеток, сега е можно побрзо да се извршуваат некои основни задачи. Кратенките на тастатурата ја олеснуваат навигацијата, додека копчето за емотикони сега овозможува додавање на смајли и други елементи во твитовите. Тука е и унапредената тренд секција, додека опцијата за пребарување ветува дека ќе биде пософистицирана.

Засега се уште нема копче за измена на пораки, како и некои други поголеми промени кои Twitter претходно не ги спомена. Моментно не е познато кога новите измени ќе им бидат достапни на сите корисници, а засега се лимитирани за потесен круг на корисници, преку копче за одобрување на новиот изглед.