Популарниот YouTube канал Machinima беше еден вид центар во кој беа собрани креативци од целиот свет, кои со нивната имагинација создаваа содржина, најчесто кратки филмови, направени со енџинот што го користат некои видеоигри.
Понекогаш филмовите беа поврзани со играта, а понекогаш воопшто не беа поврзани со филмот туку имаа сосем различна содржина, иако беа креирани со енџинот на играта. Ваквата содржина му донесе 12,4 милиони следачи на каналот Machinima.
Во текот на изминатиот викенд фановите на овој YouTube каналот мораа да се соочат со веста дека тој е згаснат. Целата нова содржина беше обележана како Private, каналот беше ефективно отстранет од интернетот, без притоа да се известат креаторите кои таму ја пласираа нивната содржина таму.
Како компанија, Machinima постоеше преку 18 години. YouTube каналот беше основан како платформа за промоција на работата на Machinima и за бројните креатори кои сакаат да ја пласираат нивната оригинална содржина на интернет. Тој постои од самиот зачеток на YouTube (2006) и во текот на овие нешто повеќе од 12 години успеа да собере огромна фан-база.
Извор: B92.net