Според извештајот на The Wall Street Journal, Apple ќе се префрли исклучиво на OLED технологијата на своите iPhone уреди во 2020. година. Тоа значи дека годинашниот наследник на iPhone XR моделот ќе биде последниот iPhone со LCD екран.
Ваквиот потег ќе овозможи пофлексибилен дизајн на телефонот, што би можело да укажува на целосно редиајнирана iPhone линија за следната година, а можеби дури и навестува iPhone со екран на свиткување.
Отфрлањето на LCD и преминот на OLED значајно финансиски ќе влијае на Japan Display, кој е снабдувач на Apple за LCD екрани. Компанијата веќе почувствува финансиски проблеми поради намалената побарувачка за iPhone XR. Гласините сугерираат дека Apple би можел да премине на micro LED LCD за своите носечки уреди, но ова се уште не е официјализирано.
Според наводите на компанијата, iPhone XR за оваа година би требало да го задржи својот LCD екран, но ќе добие две камери и побрз LTE.