Социјалната мрежа WhatsApp не функционира во многу делови на светот, што доведе до проблеми во комуникацијата меѓу нејзините корисници, објави Independent.

Проблемот е пријавен на различни оперативни системи, кои ги вклучува и iPhone и Android

Според Independent, корисниците се пожалиле дека не можат да праќаат пораки, ниту да ја вчитаат апликацијата.

Меѓутоа, како што се наведува, најверојатно проблемот не влијае кај секој корисник на мрежата, односно некои успеале да пристапат на апликацијата преку телефон и веб-сајт.