Facebook можеби ќе треба да ја плати најголемата казна, наметната некогаш од Федералната трговска комисија на САД за прекршување на приватноста, кои влијаат на информациите на нејзините 2,2 милијарди корисници.
Комисијата размислува да му наметне казна на Facebook која ќе го надмине претходниот рекорд од 22,5 милиони долари, наметната на Google во 2012 година за заобиколување на контролата за приватност во прелистувачот Safari на Apple, тврди „Вашингтон пост“.
Статијата, објавена во петокот, наведува три неименувани извори, „запознаени со дискусиите“. Досега Комисијата и Facebook официјално не ја коментираа темата.
Аналитичарите пак потсетуваат дека откако избувна скандалот со „Cambridge Analytica“ – која користела податоци на над 87 милиони Facebook корисници без нивна согласност, социјалната мрежа продолжува да се тресе од проблеми со заштитата на приватноста на корисниците.