Само еден месец нѐ дели од промоцијата на новиот модел на Galaxy на компанијата Samsung. Премиум моделот на јужнокорејската компанија ќе биде претставен заедно со телефонот со екран кој се витка, засега наречен Galaxy Fold.

Во последните неколку недели протекоа голем број информации околу новите Galaxy S10 Lite, Galaxy S10 и Galaxy S10+.

Овој викенд инсајдерски информации објави и Twitter корисникот Ice Universe, кој сподели видео кое навестува дека новите Galaxy S10 и Galaxy S10+ би можеле да имаат карактеристики за кои е потребна поголема батерија, што би можело да значи дека таа ќе биде со поголем капацитет или пак ќе има опција за побрзо полнење.

Гласините кои кружат низ медиумите веќе подолго време велат дека Galaxy S10+ ќе има батерија од 4.000 mAh, додека Galaxy S10 би требало да има батерија од 3.500 mAh. Поевтиниот модел Galaxy S10 Lite веројатно би имал батерија од 3.100 mAh.

Новата серија на Galaxy S10 ќе има таканаречено „punch hole“ дизајнерско решение за селфи камерата, кое ќе го замени претходно популарниот „notch“ на предниот дел од телефонот. На задниот дел од Galaxy S10 Lite ќе има две камери, додека другите два модели ќе имаат по три камери на задниот дел.

Извор: B92.net