Шест неделна DJ работилница за прв пат ќе се одржи во срцето на Скопје под менторство на Дарко Степиќ (Д2/RBMA/Течна кујна – Канал 103), HyperTech (D2 / Течна Кујна-Канал 103).

Овој необичен спој на креативноста и создавањето на музиката од „скреч“ ќе биде отворен за сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за музиката, диџејството и работата со грамофони. Работилницата ќе се одржува од 31 јануари два пати седмично со термин од 18 до 21 часот.

„Програмата на оваа работилница се состои од: Вовед во диџејство и запознавање со музичка структура, запознавање со диџеј опрема и совети за правилно користење, запознавање со повеќе музички стилови (drum`n`bass, dubstep, hip hop, techno, house…), демонстрација на грамофони, CDJи и Serato, непречено вежбање со DJ опремата и градење сет преку советување и упатства од менторите, дружење и споделување искуство со диџеј гости, Вовед во скреч и со диџеј настап на крајот од програмата за најуспешните“, информираат од Јавна соба и Д2.

Бројот на учесници е ограничен, а пријавувањето може да го направите на [email protected]