Подбрендот на Xiaomi, Redmi неодамна во Кина го официјализираше моделот Note 7. Redmi веќе потврди дека следниот месец ќе го објави и Note 7 Pro, а сега се појави и податок дека не очекува и првиот Android Go телефон – Redmi Go.
Redmi Note 7 Pro би требало да има 48MP Sony IMX586 сензор на задната страна, како и Qualcomm Snapdragon 675 11nm осмојадрен SoC, што би требало да претставува значајна надградба во однос на Snapdragon 660 чипот и 48MP Samsung ISOCELL GM1 сензорот на Redmi Note 7 моделот.
Кога е во прашање Redmi Go, за овој модел малку се знае, а уредот неодамна е сертифициран од брјните агенции. Се очекува 5,9-инчен дисплеј и Android Pie Go Edition оперативен систем.
Поврзани артикли