Познатиот дојавувач OnLeaks на twitter објави неколку рендери кои го прикажуваат претстојниот смартфон LG G8 ThinQ.
На прв поглед, многумина ќе помислат дека се работи за моделот LG G7 ThinQ, но ако се погледне подобро, има разлики, иако новиот модел дефинитивно го има веќе познатиот дизајн што го видовме кај LG.
Кога се работи за сличностите на двата уреда, на предната страна има голем засек на врвот на екранот, додека одзади е сензорот за отпечатоци од прсти и тоа реалтивно на истото место. На задната страна има две камери, завршната обработка е одлична, а тука е и големото LG на задниот дел. Исто така, двата уреда го делат и влезот за слушалки.
Поголемите разлики меѓу двата уреда вклучуваат хоризонтално позиционирани две задни камери кај новиот модел и две предни камери. Овие промени секако е позитивни.
За жал, се чини дека оние кои се надеваа дека новиот модел ќе има три задни камери, сензор за отпешатоци во екранот, засек во облик на капка и некои други карактеристики кои моментно се во тренд, ќе останат разочарани.
Меѓутоа, и натаму постои можност купувачите на G8 ThinQ да ја имаат опцијата да додадат и втор екран што се одвојува.