Градод Хангжу, некогаш петтиот “најзагушен” кинески град, го реши проблемот на сообраќајниот метеж со помош на вештачка интелигенција, пишува CNN Business.
Ако може да му верува на гигантот за онлајн трговија Alibaba, решението доаѓа токму со нивниот изум – платформата City Brain.
Тоа е комплексен софтвер кој собира огромни количини на податоци во различни делови на оваа метропола со 7 милиони жители, како што се GPS податоци за локацијата на автомобилите и автобусите, и видео содржини од раскрсниците. Системот потоа ги анализира податоците во реално време и координира повеќе од 1.000 семафори во градот за да спречи блокирање на сообраќајот.
Програмата се тестира веќе две години, и се чини дека целата работа фунционира, бидејки градот се симна од петто на 57 место на оваа листа.
Од Alibaba, исто така, се пофалија дека нивниот систем го скрати времето на патување низ градот, но и го преполови времето што е потребно за првата помош и пожарникарите за да стигнат до местото на несреќата.
Платформата City Brain почна да се користи уште во неколку кинески градови, а минатата година беше воведен во главниот град на Малезија, Куала Лумпур.
Во борбата против сообраќајниот метеж со помош на вештачката интелигенција започнаа и Европејците. Volkswagen и Siemens започнаа да го тестираат системот во Волфсбург, каде што се наоѓа седиштето на VW.
Сепак, светот ќе мора уште малце да се стрпи додека оваа технологија не стане интегрален дел од транспортната инфраструктура.
Според McKinsey Global институт, до 2025 година оваа технологија може да го скрати времето на патување за работа за околу 15 до 20 проценти.
Како и со многу други технолошки иновации, и со оваа доаѓаат голем број прашања поврзани со приватноста.
Извор: Bizlife.rs