Компанијата Sony испрати покани за настанот во Барселона закажан за 25. февруари, на кој има намера да претстави четири паметни телефони.
Sony ќе ги претстави новите смартфони во текот на Mobile World Congress, а еден од нив ќе биде флегшип моделот Xperia XZ4. Компанијата ќе претстави два модела со средни спецификации – Xperia XA3 и Xperia XA3 ултра, како и моделот Xperia L3.
Новиот XZ4 ќе има екран со големина од 6,55 инчи со формат 21:9, процесор Qualcomm Snapdragon 855, USB Type-C порт, 3,5-милиметарски отвор за слушалки и батерија од 3.900 mAh. На задната страна ќе се наоѓаат две камери и двоен LED блиц, додека предната камера ќе има еден LED блиц.
Xperia XA3 ќе добие 5,9-инчен екран со резолуција од 2.160 х 1.080 пиксели со формат 18:9, процесор Qualcomm Snapdragon 660, 6GB RAM и 64GB внатрешна меморија. Xperia XA3 Ultra ќе пристигне со 6,5-инчен екран со резолуција од 2.160 х 1080 пиксели и формат 18:9. Двата уреди ќе поддржуваат Bluetooth 5.0.
Што се однесува до моделот L3, овој уред ќе има 5,7-инчен екран со резолуција од 1.440 х 720 пиксели и формат 18:9, батерија од 3.400 mAh и процесор Qualcomm Snapdragon 660, како и две камери на задниот дел од 13 и 5 мегапиксели.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли