Една британска компанија планира до крајот на оваа година да пушти во продажба е-читач со Брајова азбука за лицата со оштетен вид, со што би им се олеснило читањето и би се избегнало прелистувањето на илјадниците страници печатени изданија што не се многу практични, пишува Euro News.

Британската фирма Bristol Braille Technology се надева дека ќе го смени ова со својот е-читач Canute 360 („Канут 360“) за кој од таму велат дека е првиот повеќелиниски е-читач со Брајова азбука, кој прикажува девет реда текст во еден момент или околу една третина страница од вообичаена книга.

Секој текст што досега е преведен на Брајова азбука ќе може да се спушти и да се чита со овој е-читач.

Конечниот прототип на читачот Canute ќе биде пуштен во употреба на крајот од оваа година, а ќе чини колку еден лаптоп од најскапа категорија.