Xiaomi вчера објави дека компанијата планира до крајот на јануари во продажба да пушти милион Redmi Note 7 телефони. Потоа следуваше првата брза продажба, а 100.000 смартфони беа распродадени за осум минути и 36 секунди.
Redmi Note 7 пристигнува со 48MP камера, Snapdragon 660 чипсет и атрактивна цена помеѓу 150 и 210 долари, во зависност од количината на RAM и просторот за складираање. Половина од уредите се продадени преку онлајн Mi Store, додека останатите 50.000 се продадени преку онлајн малопродаажбата TMall и JD.com.
Следната брза продажба на смартфонот е планирана за 18 јануари и многу веројатно е дека и тогаш Redmi Note 7 брзо ќе се распродаде. Телефонот пристигнува во три бои – сина, црна и Twilight златна. Пристигнува со стандарден полнач од 10 W, а со мала доплата се добива опција на полнач со 18 W.