Asus планира да ја промени актуелната слика со недостаток на високо-квалитетни HDR гејминг PC монитори, со објава на својот MicroLED ProART PA32UCX модел. Во прашање е 32-инчен 4K монитор, кој користи Mini LED-ови, за да обезбеди премиум HDR исксутво со 1200 нита осветлување, позадинско осветлување од 1000 одвоени зони на осветлување и поддршка за повеќе HDR стандарди.

Во споредба со Nvidia G-Sync HDR/G-Sync Ultimate мониторите, кои нудат 384-zone FALD заднинско осветлување, Asus ProART PA32UCX поддржува попрецизна репродукција на сликата, со повисок контраст и посупериорна репродукција на бои во однос на OLED панелот.

Како монитор од Pro-Grade тип, ProART PC32UCX поддржува повеќе од HDR, со репродукција на 97% DCI-P3 спектар на бои, 89 проценти Rec. 2020 спектар на бои и ги надминува VESA DisplayHDR 1000 спецификациите. Мониторот, исто така, поддржува Thunderbolt 3, HDMI 2.0 и DisplayPort портови.

Asus не ја објави цената и датумот на објава на новиот ProART PC32UCX 4K HDR монитор, но тој се очекува во текот на првата половина од годината.