Интернет прелистувачите ја чуваат историјата на прабарување на сајтовите кои корисникот ги посетува онлајн, како и она што го презема од интернет. Меѓутоа, Google исто така ги складира логовите на она што го пребаруваме и прегледуваме. Добра вест е дека е можно да се избрише она што не сакате Google да го има сочувано во своите логови.

Ова е дел од усогласувањето на Google со правилата на Европската Унија за регулирање на приватноста, попознато како General Data Protection Regulation (GDPR). Според наводите на Google, како дел од GDPR напорите, компанијата ги подобри контролите и јаснотијата на информациите во My Account секцијата, со цел корисниците да бидат подобро информирани за тоа како и зошто нивните податоци се собираат.

Се што е потребно да направат корисниците, за да ги избришат сочуваните логови е да одат на својата “My Activity” страница на Google и да кликнат на трите точки од страна и да притиснат “delete”. Корисниците можат да изберат да ги бришат поединечните информации или комплетни податоци. Можно е да се подеси и кога информациите сакате да бидат избришани, како и од кои производи (Chrome, YouTube, Search, Maps и друго).

Покрај ова, Google на корисниците ќе им даде повеќе контрола над историјата на локацијата, активностите на веб и апликациите и друго.