Повеќе производители на преносни компјутери, во текот на саемот Consumer Electronics Show 2019 во Лас Вегас понудија модели со некоја варијанта на OLED екран. Еве на што треба да обрнете внимание.
OLED екраните на преносните компјутери се вратија на голема врата во текот на штотуку завршениот CES 2019 саем во Лас Вегас.
Дисплеите со OLED технологија имаат неколку предности во однос на LCD екраните, какви што вообичаено се користат за лаптопите. На пример, ја прикажуваат црната боја на тој начин да не изгледа сивкасто, бидејќи ги исклучуваат поедините пиксели во текот на приказот на сцени со црна боја. LCD екраните секогаш го имаат вклучено позадинското осветлување зад екранот, па тоа не можат да го изведат.
Бидејќи немаат позадинско осветлување, OLED екраните се и енергетски поефикасни и помалку ја оптоварувааат батеријата, а нудат и подобар контраст на светлите и темни подрачја.
Што имавме прилика од OLED екраните да видиме на саемот CES 2019?
Прикажан е прототип од новиот модел Razer Blade 15, кој би требало да се појави на пазарот во текот на оваа година. Спецификациите и цената засега не се познати.
HP, Dell и Lenovo, исто така, најавија нови преносни компјутери со OLED екрани.
Новиот Spectre x360 15 на HP би требало да се појави во текот на март, до кога би требало да дознаеме и колку ќе чини.
Dell ќе понуди три лаптопи со OLED екран во текот на март: новиот XPS 15 и два модела наменети за гејмерите – Alienware m15 и Dell G7.
Новиот Lenovo Yoga C730, исто така, пристигнува во март оваа година.
Производителите на лаптопи досега не сакаа да користат OLED дисплеи, бидејќи мораа да ја подигнат цената на уредите над нивото, кое поголем дел од купувачите беа подготвени да го платат.
Иако врз основа на виденото во текот на CES, се чини дека дојде до пресвртница, очекувајте лаптопите со OLED екрани да бидат поскапи од оние со LCD и исти спецификации, пишува Business Insider.