Многу компании вербално се обврзаа да станат целосно електрични, а Hyundai можеби само што направи храбар чекор со запирање на развојот на идните мотори со внатрешно согорување.

Гласините доаѓаат од напис на магазинот Business Korea објавен непосредно пред Божиќ. Во написот се тврди дека Hyundai Motor Group официјално го затворила својот оддел за развој на мотори со внатрешно согорување во Истражувачкиот институт Намјанг јужно од Сеул. Во написот се наведува и дека групата на погонски единици на производителот е реорганизирана во тим за развој на електрификација, а формирана е и група за развој на батерии.

Korea Economic Daily исто така известува за затворањето, цитирајќи неименувани извори од индустријата и наводна е-пошта од новиот шеф за истражување и развој на Hyundai, Chung-Kok Park до своите вработени, велејќи:

„Нашиот сопствен развој на мотори е големо достигнување, но мора да го смениме системот за да создадеме идни иновации засновани на големото добро од минатото“.

Hyundai сè уште нема објавено официјално соопштение во врска со овие тврдења, но гласините се совпаѓаат со значителниот „потрес“ во повисокото раководство и реорганизација во Hyundai. Алберт Бирман, наводно, најавил дека се пензионира како шеф на одделот за истражување и развој во компанијата, а шефот на дизајн Питер Шрајер, исто така, добива нова улога. Производителот на автомобили најави повеќе од 200 различни промоции за извршни директори, од кои повеќе од една третина се случуваат во одделот за истражување и развој.

„Многу од новите назначувања ја претставуваат следната генерација на лидери кои се препознаваат по нивните достигнувања и улогата во континуираниот успех на брендот“, вели портпаролот на компанијата во соопштението во врска со новиот персонал.

Извор: Додај Гас