Ловот е робот од кој луѓето не треба да се плашат. Направен е со цел да го следи сопственикот, да го препознава неговото лице и да го прегрнува.
Роботот е креиран од јапонската стартап компанија GrooveX и е претставен во декември. Ловот го доби името со комбинирање на зборовите “love” и “robot”, а неговата цел е да го направи сопственикот среќен.
Од компанијата истакнаа дека не станува збор за корисен робот кој ќе ги извршува Вашите обврски, туку тој моли за внимание со неговите големи очи и често им се “наоѓа на патот” на оние кои живеат со него. Неговата цена е 3.100 американски долари, а достапен е само во Јапонија.
Висок е 40 центиметри, има репче и стомаче за галење. Во очите има 16 графички слоеви, а може и да трепери. Некогаш го “лови” својот сопственик кога сака да го прегрне. Не зборува и не разбира команди, но произведува слатки звуци кога бара внимание.
Личностите кои не ги познава ги избегнува или бега од нив. Може да запомни до 1.000 луѓе и да разликува 100 лица.
Доколку имате повеќе вакви роботи, тие комуницираат помеѓу себе и ги разбираат потребите па си создаваат сопствено друштво. Ловот може да се користи и без бежичен Интернет.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли