Слушните апарати во изминатите години не покажаа значаен напредок кога се во прашање технолошките иновации, бидејќи нивниот начин на работа е одамна прифатен и оптимално развиен. Меѓутоа, дека не мора да биде баш така, се погрижи компанијата Starkey Hearing Technologies.
Оваа компанија го претстави својот Livio AI слушен апарат, прв таков уред што поседува вештачка интелигенција. Неговата нова верзија стана уште попаметна.
Фактот дека слушните апарати ги користат воглавно постари луѓе, кои не се баш типична група корисници на IoT уредите (Internet of things). Слушниот апарат, кој на многумина им е неопходен, ќе помогне тоа да се промени.
Livio AI доаѓа со Alexa виртуелниот асистент, има гласовна контрола и вграден преведувач за повеќе јазици. А некои од дополнителните функции, кои можат да им бидат многу корисни на постарите луѓе се детекцијата на падови и следење на работата на срцето.
Според официјалните податоци на надлежните американски служни, на секои 11 секунди едно постаро лице бара медицинска помош поради пад, а околу 12 милиони постари Американци годишно завршуваат во итните служби, поради повреди. Livio ја има функцијата Fall Alert, која во случај на детекција на пад, веднаш ќе испрати информација на избраниот контакт.
Во делот на апаратот што се става во уво, вградени се сензори кои ги следат отчукувањата на срцето, што може да биде многу корисно, не само за постарите луѓе, туку и за другите групи корисници кои сакаат да го подобрат своето здравје.
https://youtu.be/rwXXO2FIunI
Поврзани артикли