Заканите на Северна Кореја дека САД ќе нанесат неверојатен удар во моменти кога најмалку ќе се очекува, би можеле да бидат повод за вистинска војна. Тоа е само уште една размена на закани меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, изјави политичкиот аналитичар, Павел Свјатенков.

„Мислам дека во моментов тоа е само реторика. Затоа што е јасно дека доколку Северна Кореја изведе напад на американски бродови, кои сега се наоѓаат во близина на Корејскиот полуостров, тоа би било повод за вистинска војна“ вели Свјатенков за Спутник.

Севернокорејската агенција емитуваше уште една закана на Пјонгјанг по соопштението за маневрите на морнарицата на САД и Јужна Кореја во близина на Корејскиот полуостров. Според наводите на севернокорејските власти, САД полуделе, бидејќи самостојно донеле цели, кои Пјонгјанг ги идентификува како главни.

Вежбите во близина на брегот на Корејскиот полуостров ќе траат до 26. октомври. Претходно, севернокорејските власти им понудија на САД мирен соживот, со признавање на неповратниот нуклеарен статус на Северна Кореја.

Извор: Макфакс