Поминаа две години откако Windows 11 беше првпат откриен, а во исто време следната година, Microsoft би можел да почне да зборува за Next Valley, која би требало да биде попозната како Windows 12.

Полека почнува да се формира возбуда и се повеќе се зборува за следната генерација на оперативниот систем, а се појавија неколку концепти кои покажуваат како би можел да изгледа следниот Windows OS.

Така, YouTuber AR 4789 објави концепт видео за Windows 12 на својот канал минатиот месец.

Видеото ги прикажува Start менито и виџетите кои корисниците со задоволство би ги прифатиле. Главните карактеристики на Windows 11 се задржани, како што се заоблените рабови, а лебдечкиот таскбар речиси сигурно треба да биде дел од Windows 12 (освен ако Microsoft во меѓувреме не се премисли).

Концептот нуди и речиси совршена рамнотежа помеѓу светлите и темните теми. Видеото исто така дава подетален поглед на другите функции, како што се File Explorer, Tabbed Notepad, Microsoft Store и многу повеќе.

Облакот се очекува да биде суштинска карактеристика на Windows 12, заедно со Ai можностите, бидејќи Microsoft полека ја интегрира вештачката интелигенција во Windows.