Huawei го објави највисокиот процесор во индустријата базиран на архитектурата на Advanced RISC Machine (ARM). Новиот Kunpeng 920 процесор е дизајниран да ја забрза обработката на големи збирки податоци и да врши дистрибуирано складирање и ARM специфични сценарија. Huawei се приклучува на големите играчи во индустријата на ARM и се вклучи во градењето отворен, кооперативен, заеднички еко-систем кој го доведува светот на денешните компјутери на сосема ново ниво.
„Huawei континуирано инвестира во развој во областа на компјутерите, создавајќи вредност за своите клиенти. Huawei одамна е партнер со Intel, а двете компании заедно во голема мера придонесоа за развој на информатичките и комуникациските технологии. Ќе продолжиме со долгорочното стратешко партнерство и ќе продолжиме да создаваме иновации заедно. Во меѓувреме, индустријата на АRM гледа нови можности за развој: новосоздадените Kunpeng 920 процесори и TaiShan серверите на Huawei првенствено се користат во големите апликации за обработка на податоци, дистрибуирано складирање и АRM апликации. Ќе работиме со глобалните партнери во духот на отвореност, соработка и заеднички успех за поттикнување развојот на екосистемот на АRM, изјави Вилијам Шу, член на одборот и шеф на секторот за стратешки маркетинг во Huawei.
Највисоки перформанси базирани на АRM процесор во индустријата
Kunpeng 920 е најпродаван серверски ARM процесор. Со користење на најновиот 7nm процес, процесорот е независно дизајниран од Huawei под ARMv8 лиценца за архитектура. Тој значително ги зголеми перформансите и ги оптимизира предиктивните алгоритми, го зголемува бројот на OP блокови и ја подобрува архитектурата на меморијата. На типична фреквенција на SPECint Benchmark тестови, процесорот Kunpeng 920 има резултат од над 930, што е 25% повисоко од индустрискиот репер. Во исто време, енергетската ефикасност е 30% подобра од онаа на другите индустриски решенија. Kunpeng 920 обезбедува многу поголема компјутерска моќ за центри за податоци и ја намалува потрошувачката на енергија.
Huawei TaiShan, АRM базиран процесор со најдобри перформанси во индустријата
Huawei денес го лансираше својот TaiShan сервер, напојуван од Kunpeng 920, вклучувајќи три модели: еден со фокус на складирање, друг – со висока густина и трет – фокусиран на балансирање на двете барања. Серверите TaiShan се изградени за големи податоци, дистрибуирано складирање и ARM сценарија. TaiShan дава компјутерски платформи со високи перформанси до 20% повисоки од претходно и ниска потрошувачка на енергија.
Градење отворен и заеднички ARM екосистем врз основа на севкупниот успех
Huawei постојано поттикнува корпоративна меѓусебна помош во градењето на хардвер, софтвер и апликации. Глобалниот бренд работи со организации како што се Green Computing Consortium (GCC), Linaro and Open Edge и HPC Initiative (OEHI) за изградба на отворен и заеднички ARM екосистем со партнери како Hortonworks, Microsoft, Red Hat, SAP, SUSE, Ubuntu и China Standart Software.
Во однос на хардверот, Huawei е клучен член на Linaro, а во однос на софтверот е член на OpenStack и еден од основачите на Cloud Native Computing Foundation (CNCF). Huawei се приклучи на GCC, кој неодамна го лансираше извештајот за техничките стандарди на Green Computing Consortium Server и е само една од нивните иницијативи за изградба на отворена „зелена“ технологија. Huawei исто така е член на OEHI.
„Со помош на Кирин 980, Huawei ја донесе вештачката интелигенција на сосема ново ниво. Со разновидни производи и услуги како Huawei Cloud, базирани на Ascend 310, нашата компанија ја прави вештачката интелигенција достапна за повеќе видови бизнис. Сега со Kunpeng 920 влегуваме во нова ера на разновидна технологија, чија карактеристика е присуството на повеќе јадра и обележана хетерогеност. Huawei инвестираше трпеливо и енергично во областа на технолошките иновации за да можеме да продолжиме да бидеме меѓу лидерите во оваа индустрија. Во иднина ќе продолжиме да работиме, мотивирани и инспирирани од нашите клиенти и партнери, така што ќе можеме заедно да изградиме попаметен и технолошки свет “, изјави Шу.
Поврзани артикли