Lenovo како по обичај, во текот на CES саемот ја освежи својата премиум ThinkPad X1 линија на лаптопи. Претставени се новите X1 Yoga и X1 Carbon модели.

Она што посебно се истакнува е дека ThinkPad X1 Yoga е прв ThinkPad што пристигнува со алуминиумско куќиште. Сепак, Lenovo истакнува дека иако алуминиумските лаптопи се чести, компанијата не верува дека сите тие можат да ги поминат тестовите на издржливост, на кои е поглегнат ThinkPad.

Lenovo, исто така, истакнмува дека X1 Yoga е 11% потенок и има за 17 проценти помали димензии. Моделот X1 Carbon и натаму е направен од јаглеродни влакна, потенок е и полесен од минатогодишниот модел.

Присутни се и нови опции на дисплејот, а можно е да се конфигурира до 4K резолуција. Задржана е опцијата со 1080p и 1440p екрани. Сигурносните опции вклучуваат ThinkShutter и IR камера за препознавање на лица.

ThinkPad X1 Yoga и X1 Carbon пристигнуваат во јуни. Почетната цена за Yoga моделот изнесува 1930 долари, додека Carbon почнува од 1709 долари.