HP претстави два нови модела во рамките на својата Chromebook 14 линија. Она што е интересно кај овие модели е дека станува збор за првите Chromebook компјутери, кои користат AMD процесори, со оглед на тоа дека овие уреди досега користеа само Intel и ARM-базирани процесори.

Основниот модел го користи новиот 6W AMD A4-9120C процесор, со две јадра и два thread-а, има 1.2GHz основен такт и 2.4GHz boost, како и Radeon R4 графичка картичка. Овој Chromebook користи дисплеј со резолуција од 1366 x 768 пиксели.

Поскапиот модел го има новиот 6W AMD A6-9220C процесор со две јадра и два thread-а. Тука е и 1.8Ghz базниот работен таакт и 2.7GHz boost, а за GPU поддршкаата е задолжен Radeon R5 GPU. Лаптопот има 1920 x 1080p тачскрин дисплеј.

Двата Chromebook модела имаат 2x USB-C портови и 2x USB-A портови, 32GB eMMC простор за складирање и 4GB RAM. капацитетот на баатеријата овозможува работа на уредите во траење од девет часа и 15 минути.

Основниот HP Chromebook 14 ќе чини 269 долари, додека понапредниот модел ќе има цена од 299 долари.