Борбата за дисплеи без никакви ограничувања ќе влезе во нова фаза во јануари 2019 година, кога Samsung ќе ја демонстрира својата следна иновација во екраните за паметни телефони. Се очекува на престижниот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас да видиме реален дисплеј, од кој директно излегува звук. Потсетуваме дека Sony веќе нуди слична технологија за своите телевизиски приемници.

Новата карактеристика се нарекува „Саунд он Дисплеј“ (Sound on Display) и треба да стане стандард за идните OLED екрани на корејската компанија. Новиот дисплеј ќе им овозможи на корисниците да слушаат звуци со поставување на увото преку широк дел од горната половина на екранот.

За технологијата за првпат се проговори во лето, а сега новите гласини тврдат дека нè делат само две недели од неговата премиера. Покрај телефони, Samsung исто така ќе сака да користи Sound on Display и за неговите телевизори.

Како и дисплејот „Инфинити‑O“ , звукот на екранот му овозможува на производителот да понуди телефони со највисок сооднос на дисплеј – корпус. На пример, кај Samsung Galaxy Ес10+ се очекува да биде цели 93,4 проценти.

И LG и некои кинески производители, исто така, се очекува да демонстрираат прототипи со слична технологија на CES 2019. Саемот започнува на 8. јануари и ќе трае до 11. јануари.