Пекинг ќе користи технологија за препознавање на лица којашто ќе биде имплементирана во станбените објекти, со цел да спречи нелегално сместување на станари или крадци. Со неа планирано е да бидат опфатени 120.000 станари до крајот на јуни годинава.
Системот вклучува комбинација од технологија за препознавање на лица и “паметно заклучување“. Градот се надева дека ова ќе придонесе за подобрување на безбедноста на овој вид на објекти, како и за обезбедување на дом на оние на кои најмногу им треба. Технологијата е веќе инсталирана во 47 згради во Пекинг, објави South China Morning Post.
Досега се направени околу 100.000 скенирања на лица од станарите и нивните семејства. Преку комбинирање на овие слики со скенирани фотографии од посетители системот може да забрани влез за странци. Освен тоа, технологијата се “грижи“ за постарите лица од објектите особено оние кои живеат сами, со што доколку некој подолго време не се појави во домот или не излезе надвор, праќа известување до надлежните.
Од март 2018 година, градот има 100.000 станбени единици, во 76 објекти коишто се издаваат на фамилии со мали примања
Поврзани артикли