Технолошкиот напредок не може да се сопре, но се поставува прашањето кому му е потребна толкава брзина.
Податоците кои 3G мрежата може да ги пренесе за 24 часа, 5G ќе може за 3,6 секунди! Но, како ќе реагира Вашиот организам кога во секоја секунда 90 милијарди електромагнетни бранови ќе удрат во Вашите тела, најмногу во Вашата глава?
Технолошкиот напредок не може да се сопре, но се поставува прашањето на кој му е потребна толкава брзина.
“Прво мора да знаеме да не ги користиме мобилните телефони со таа технологија, туку да имаме серија на уреди, наречени Интернет работи и моменталната проценка е дека такви уреди има помеѓу 50 и 100 милијарди. Тие уреди имаат одредени задачи, некои се користат за собирање на метео податоци, некои за податоци од видео надзор”, објаснува Петар Кочовиќ.
Според неговите зборови, таквата технологија се користи за професионални и аматерски цели.
“Доаѓа генерација на автомобили кои нема потреба да бидат управувани од луѓе. За да не излета од патот или да се судри со друг автомобл, мора да се користи сигнал од 5G мрежата, бидејќи оваа брзина овозможува да се реагира во секундата”, вели тој, пренесува nationalgeographic.rs.
Некои, мрежата 5G ја нарекуваат “мрежа на смртта”. Меѓутоа, епидемиологот Зоран Радовановиќ истакнува дека не сите зрачења се исти и дека се претерува кога се дискутира за зрачењето.
“Секој 50 рак во светот е предизвикан од зрачење, но тоа е пред сè од сончевото зрачење, УВ зраците и радонот од копното. Тие јонизирачки зраци се важни кои ја разбиваат хемиската врска. Ова се бранови со исклучително ниски фреквенции, а со тоа има и ниска моќ”, вели Радовановиќ.
Резултатите се неконзистентни, а анализите се прават секвенцијално, па досега не се покажало дека телефоните имаат канцероген ефект.
Меѓутоа, паметните луѓе во случај на долги разговори треба да користат класични телефони, уредот да го држат малку подалеку од увото или да користат слушалки со што би го минимализирале тој ризик.
Извор: Radio Televizija Srbija