Експертите за дигитална фотографија ги посочија камерите на iPhone XS и Google Pixel 3 како најдобри на пазарот за изминатата година. Најдобри, сепак, се камерите на iPhone XS и iPhone XS Max благодарение на одличниот квалитет на видео записот и режимот Smart HDR.
Топ 5 на камери во 2018. година според Digital Photo Review:
1. iPhone XS и iPhone XS Max
2. Google Pixel 3
3. Huawei Mate 20 Pro
4. Samsung Galaxy S9+
5. Sony Xperia XZ3
Експертите забележаа значителни подобрувања во споредба со iPhone X. Новите iPhone уреди имаат зголемен сензор за фотографии, а обновен е и портретниот режим. Смартфонот ви овозможува да го промените отворот откако веќе сте ја снимиле сликата – од f/1.4 до f /16. Едно од најзначајните подобрувања е Smart HDR режимот.
Се користат придобивките од моќниот чипсет на iPhone XS за да привлече поширок динамички опсег при создавањето едноставни фотографии, панорами, па дури и 4K видео записи.
Второто место му припадна на Pixel 3 од Google. Камерата на овој уред има нов ноќен режим за снимање при услови на слаба осветленост. Порталот го дефинира Pixel 3 како најдобар паметен телефон за снимање од сите претставени во рангирањето.
Камерата на Huawei Mate 20 Pro, исто така, демонстрира детални, заситени и импресивни фотографии во темните часови од денот.
Samsung Galaxy S9+ создава квалитетни фотографии во текот на денот и ноќта. Двојниот отвор на камерата се прилагодува на светлината и лошото осветлување автоматски – слично на човечкото око.
Sony Xperia XZ3 заостанува зад конкурентите, но му нуди на корисникот снимање во 4К со HDR и видеа со задоцнување до 960 слики во секунда во Full HD.