Индустриски извори тврдат дека mini LED технологијата е доволно созреана и оваа година веќе почна масовното производство, но се уште не подготвена за комерцијална распространетост. Причината, поради која развојот на овој дел на пазарот е интересен, е што mini LED-осветлените LCD IPS панели би можеле да го променат изгледот на пазарот во индустријата на дисплеи.

Mini LED технологијата исто така може да се користи како поддршка за активните matrix LED панели, но позадинското осветлување за LED останува главен фокус, бидејќи се полесни за производство и цената им е значително пониска. Покрај ова, подобрувањата во перформансите во однос на конвенционалните LCD панели се исклучителни. Изворите истакнуваат дека осветлувањето, контрастот, репродукцијата на бои и заштедата на енергија се значително посупериодни во однос на актуелните LCD панели, а дури и можат да се натпреваруваат со AMOLED.

Новата технологија може значително да ги подобри HDR перформансите на LCD екраните, поради бројот на LED-овите кои се користат во позадинскиот панел.

Гледајќи напред, mini LED-осветлените LCD панели би можеле да послужат како отскочна даска кон micro LED позадинското осветлување, кое е и натаму тешко за производство.