Голем број одобрени патенти открија дека Apple размислува за развој на мултиплеер игра, апликација за групен превоз, па дури и за сопствена облека. Тоа се концепти кои се меѓу 43-те патенти што добија одобрение.
Иако ваквите документи не гарантираат дека Apple своите идеи ќе ги претвори во реалност, истите дефинитивно даваат увид во плановите на компанијата. која очигледно има намера да ги прошири своите хоризонти.
iClothing
Преносливите уреди на Apple се речиси неприкосновени, па само во текот на 2018 година оствариле добивка од 10 милијарди долари. Сега се чини дека технолошката компанија сака ваквиот успех да го повтори и со сопствена линија на облека.
Имено, на Apple му е одобрена лиценца за патент што се однесува на „паметна ткаенина“, која во голема мера наликува на многу нано материјали кои овозможуваат интегрирање на OLED екрани во облеката.
Uber за Apple Maps
Компанијата, исто така, ја разгледува идејата за такси сервис, кој би бил интегриран во Apple мапите.
Доколку овој патент стане реалност, корисниците веќе нема да треба да отвораат посебни налози за Uber или Lift, туку би користеле податоци од App Store за плаќање на превозот.
Мултиплеер гејминг систем
Во најмала рака, Apple доби патент за онлајн простор за мултиплеер игри. Плановите покажуваат интерфејс кој се користи за многу онлајн мини игри и тој може да послужи како основа за голем број на проекти.
Во прилог на оваа идеја е и фактот дека компанијата доби патент за iPhone или iPad со екран преку цела предна страна, кои би можеле да се користат како контролери, како оние кај Playstation или Xbox.
Извор: Inverse
Поврзани артикли