Дијамантските батерии направени од јаглерод C-14 би можеле да имаат прилично долг животен век. Имено, како што велат експертите, би требало дури 5.730 години за да се намали нивната моќност до 50 проценти, а основната суровина за нивно производство би бил нуклеарен отпад.

Овие батерии би се изработувале од графит кој веќе не може да се користи во нуклеарните реактори и кој во текот на употребата станал радиоактивен. Поточно, станува збор за вештачки дијамант, произведен од нуклеарен отпад.

Терминот дијамантска батерија прв пред точно една година го осмислил професорот Том Скот од Универзитетот во Бристол, на местото каде што научниците го создале првиот прототип. Наместо од самиот почеток да се занимаваат со јаглерод C-14, научниците најпрво користеле изотоп на никел, кој го ставиле во „сендвич“ на прав, нерадиоактивен, но вештачки направен дијамант.

Она што го добиле било парче кое давало напон од 1,9 V, што било во состојба во првите 5000 години да ослободи енергија од 15,8 МЈ, или вкупно 4,4 kWh. Сета таа енергија била складирана во уред со должина и ширина од еден сантиметар и дебелина од половина милиметар.

Сепак, истражувањата во врска со ваквата батерија се на самиот почеток и на научниците ќе им треба подолг период за да може ваквиот прототип да го вклучат во уредите кои ги користиме во секојдневието.