Проблемите со спам пораките не престануваат и компаниите се обидуваат да обезбедат заштита од спам за различни производи. Но дали и колку ќе биде ефикасна оваа заштита, никогаш не се знае со сигурност.
Google е веројатно меѓу поактивните компании кои заштитуваат од спам, но дури и Gmail понекогаш може да испрати легитимни пораки во спам фолдерот (поради што треба периодично да го скенирате вашиот спам фолдер). Дури и обичните SMS четови не се безбедни од спам.
За среќа за корисниците на Android, Google постојано е на врвот кога станува збор за решавање на проблемите со спамирањето, а тоа исто така е случај и со Android Messages.
Апликацијата добива функција која е овозможена од самиот почеток, но доколку сака, корисникот може да ја оневозможи. Како кога станува збор за останатата заштита од спамирање, Google ќе ги скенира пораките за да открие далие тие се спам. Сепак, компанијата јасно стави до знаење дека нема да ги чува телефонските броеви на корисниците или пак некаква друга содржина.
Заштита од спам доаѓа со Messages v3.9, но и преку барањето за неколку надградби на серверот пред да може да се обезбеди целосна функционалност. Сè уште не е познато кога функцијата ќе пристигне до корисниците, но се очекува тоа да биде наскоро.